Османи на панелот „Европа после Украина“: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот “Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок, и Доника Грвала Шварц.

Како што соопшти МНР, на панелот се дискутирало за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на менаџирање на кризата, како и влијанието на истата врз севкупните процеси и состојби во европските земји и пошироко.

На почетокот на своето обраќање Османи ги пренесе своите импресии од неговата вчерашна посета на полско-украинската граница, каде со своите хомолози од тројката земји претседавачи со ОБСЕ, имаа заедничка средба со украинскиот шеф на дипломатија Кулеба и го посетија бегалскиот камп во Корчова.

„Она што го видов вчера е длабоко вознемирувачко. Вчерашните слики се одраз на нешто што е длабоко неморално, спротивно на универзалните вредности на човештвото. Треба решително да се спротивставиме на ова што се случува и да го спречиме и намалиме човечкото страдање“, истакна Османи.

Ги пренесе позициите на Северна Македонија за војната во Украина, најостро осудувајќи ја агресијата на Руската Федерација, како еклатантно кршење на меѓународното право и придружувајќи се на сите санкции на ЕУ против Русија.

Тој се осврна на одлагањето на формалниот почеток на преговори со ЕУ, нагласувајќи дека интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност.

„Ова претставува извор на системска ранливост и потенцијална закана за безбедноста и стабилноста, чии ефекти се прелеваат на целиот регион, а кои злонамерни актери лесно и вешто го искористуваат“, нагласи Османи.

„Малку е потребно за топката да се фрли во вистинската насока и да се постигне заедничка победа за сите актери кои се дел од процесот, Северна Македонија, Бугарија, регионот на Западен Балкан и ЕУ во целина. Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност”, рече министерот Османи.

Имајќи ги во предвид геополитичките импликации на војната во Украина, Османи истакна дека ова се историски времиња кои бараат храбри и навремени одлуки и апелираше до ЕУ итно да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија, за време на француското претседателство.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски

МНР: Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време

МНР: Погодена е и зградата каде се сместени шест амбасади, меѓу кои и на Македонија

Горан Наумовски

Фрчкоски до Муцунски: И од неискусен министер е сепак премногу наивно и манипулативно за јавноста

Горан Наумовски

МНР најави кадровски решенија за испразнетите амбасади и конзулати

Горан Наумовски