Османи на нова европска турнеја во посета на Берлин, Копенхаген и Стокхолм

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи, од утре започнува нова европска турнеја во неколку значајни европски метрополи – Берлин, Копенхаген и Стокхолм, како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ.

Од утре, како што соопшти МНР, Османи е во посета на Сојузна Република Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Во рамките на оваа посета, Османи ќе оствари средби и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на канцеларката Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации и комисии во рамките на посетата на германскиот Бундестаг.

Од Берлин Османи во вторник заминува за Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Дипломатската турнеја на Османи продолжува со работната посета на Стокхолм, в среда, каде ќе биде примен од својот домаќин, министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде.

Во Стокхолм Османи е предвидено да оствари посета и на шведскиот Парламент – Риксдаг, каде ќе оствари средби со потпретседателките на Парламентот, Лота Форнаве и Кирстен Лундгрен. Во агендата на министерот во рамките на посетата на Шведска се и средбите со Ана Сандстром, советничка за ЕУ на премиерот, Ловен, како и со државната секретарка задолжена за европски прашања, Паула Оловсон.

Дипломатската турнеја на Османи се одвива во период на засилената дипломатска активност, а во контекст на европските интеграции на Северна Македонија. Покрај билатералните односи, централни теми на средбите ќе биде европското досие на земјава, и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија