Османи и Маричиќ во Тирана на конференција за пристапни реформи во Западен Балкан

Од:

Османи и Маричиќ во Тирана на конференција за пристапни реформи во Западен Балкан

Скопје, 4 октомври 2018 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и шеф на државната делегација за преговори со Европската унија, заедно со главниот технички преговарач Бојан Маричиќ ќе престојуваат во Тирана каде ќе учествуваат на третата конференција за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан.

Во рамки на конференцијата се очекува да биде потпишана заедничка декларација каде, меѓу другото, ќе се реафирмираат заложбите за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и европските перспективи на земјите од Западен Балкан.

Вицепремиерот Османи ќе има обраќање на панелот посветен на комуникацијата на ЕУ во јавноста, а за време на посетата на Тирана, се очекува да оствари и повеќе билатерални средби.

Конференцијата за пристапни реформи во земјите од Западен Балкан ќе се одржи утре, а е поддржана од Австриското претседателство со Советот на ЕУ. Ова е трета по ред конференција, на која ѝ претходеа првата конференција одржана во Скопје во 2015 година и втората одржана во Подгорица во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски