Османи: Македонија и Украина треба да ја продлабочат економската соработка

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Министерот за надворешни работи на Украина, Павло Климкин.

На средбата беа отворени темите за европските перспективи на двете земји, за билатералните односи помеѓу Македонија и Украина, како и можностите за унапредување на соработката, особено во економската сфера.

Соговорниците заеднички се согласија дека меѓу Македонија и Украина нема отворени политички прашања, што ги прави меѓусебните односи исклучително добри. Тие потенцираа дека двете земји една во друга гледаат искрен партнер, пријател и сојузник, земји кои имаат заеднички евроатлантски аспирации.

„Добрите политички односи треба да бидат основа за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји” – истакна Османи, додавајќи дека Владите на двете земји треба да обезбедат услови за унапредување на трговската и инвестициската размена.

Во однос на европските перспективи за време на средбата Вицепремиерот Османи потенцираше дека Владата останува посветена на ЕУ Агендата и дека напорно работи на реформите и во овие последни денови пред 17 април, т.е. пред излегувањето на редовниот извештај на Европската комисија за состојбите и напредокот на земјите.

Во оваа насока соговорниците изразија обострана поддршка за аспирациите на Република Македонија и на Украина за членство во Европската унија и во НАТО, што позитивно ќе влијае на демократските процеси, стабилноста и безбедноста на земјите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски