Османи – Која: Ќе имаме слободни, фер и веродостојни претседателски избори

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која.

Вицепремиерот Османи најпрвин ја потенцираше важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија особено во поддршката на реформските процеси на Владата, при што оцени дека досегашната демонстрирана неутралност и придонесот што Мисијата го даде во надминувањето на бројните предизвици изминатиов период, особено во делот на изборните реформи, но и севкупно, во имплементацијата на принципот на владеење на правото, се од голема полза за Република Македонија.

„Изборните реформи се едни од клучните предизвици за наредниот период, вклучувајќи ја тука и имплементацијата на сите претходни препораки на ОБСЕ/ОДИХР, особено во пресрет на претстојните претседателски избори, имајќи предвид дека наш приоритет се слободни, фер и веродостојни претседателски избори“, истакна Османи, посочувајќи и на останатите реформи кои ѝ претстојат на земјата во пресрет на новиот извештај на Европската Комисија во април.

Во оваа насока тој изрази задоволство од изгласувањето на новиот закон за спречување на корупцијата и судир на интереси кој ќе придонесе во постигнувањето на поефикасна превенција и борба против корупцијата, a истовремено изрази задоволство што со истиот се зајакнува и ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата, чиј нов состав ќе треба да го мониторира и изборниот процес во делот на финансирањето на политичките партии за време на претстојните претседателски избори.

За време на разговорот соговорниците се осврнаа и на поддршката и помошта која Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја обезбедува за Република Македонија во насока на исполнување на реформите и во останатите области како што се судството, медиумите, граѓанскиот сектори итн, а стана збор и за актуелните предизвици: за имплементација на Планот 18, подготовката на придонесот на земјава кон извештајот на Европската Комисиија, како и за сите останати активности поврзани со конечното остварување на стратешките цели на Република Макеоднија членството во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата