Османи – Коблер: Соработка во спроведувањето на реформите за евроинтеграцијата

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со австриската амбасадорка Ренате Коблер која ја информираше за приоритетите на кои ќе работи новата Влада во претстојниот период во однос на ЕУ интеграцијата.

– Уверен сум дека во наредните месеци ќе имаме одлична и блиска соработка во спроведувањето на сите неопходни реформи поврзани со процесот на интеграција во ЕУ, истакнал вицепремиерот Османи, додавајќи дека Австрија останува да биде еден од најзначајните партнери и силен поддржувач на политиката на проширување и членство на земјите од Западен Балкан.

Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека тој потенцирал оти останува фокусот на исполнување на обврските коишто произлегуваат од Итните реформски приоритети и Договорот од Пржино. Вицепремиерот Османи изразил надеж дека очекуваните резултати ќе се постигнат преку обезбедување одржлив пристап во спроведувањето на клучните реформски активности и на тој начин би се отстранила условеноста на препораката од последниот извештај на ЕК за земјата.

Двајцата соговорници се согласиле дека не очекува период на интензивна работа со цел државата побрзо да се врати на патот кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Чаирчани се на „чисто“, ќе бираат помеѓу чесноста на Османи или корупција на Меџити, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски