Османи: Ќе вложиме максимални напори за спроведување на реформите и на уставните амандмани

Од:

По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Северна Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. За остварување на оваа стратешка цел минатата година беше потребна политичка храброст и ние ја презедовме без двоумење во интерес на нашите сограѓани. Многумина дома се уште не се убедени дека ја донесовме вистинската одлука и наша заедничка цел треба да биде да ги увериме со дела дека проширувањето е живо и дека и нашите граѓани наскоро ќе имаат шанса да ја почуствуваат конкретната корист од трансформацијата која ни претстои.

Ова го истакна шефот на дипломатијата Бјар Османи во обраќањето пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел.

Тој потсети дека во меѓувреме земјата успешно го започна скрининг процесот на европското законодавство и нашите преговарачки тимови со исклучителна посветеност, знаење и професионализам успешно ги бранат досегашните придобивки од нашата макотрпна работа и нашите колеги се целосно подготвени и ангажирани да одговорат на сите обврски во однос на усогласувањето и спроведувањето на европското законодавство, што ќе биде значајно за натамошната динамика на процесот на преговори.

-Меѓутоа, она што е особено важно за нас во периодот кој доаѓа и за што вие самите имате значајно влијание е што е можно поскоро да го добиеме Скрининг извештајот за Кластерот 1 – Темели од Европската комисија и да започне конкретната работа врз подготовка на трите патокази, за владеењето на правото, реформата на јавната администрација, и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за малцинства и заедници, кој го прифативме
токму за да и покажеме дека Северна Македонија има многу што да и понуди на ЕУ, а не да скрие, рече Османи.

Тој подвлече дека руската агресија врз Украина длабоко ja промени геополитичкaта реалност и Северна Македонија веднаш и недвосмислено се приклучи кон едногласната осуда на ЕУ и меѓународните партнери за неоправданата и неиспровоцираната агресија врз суверена земја и согласно своите можности пружи хуманитарна, воена и дипломатска помош.

-Северна Македонија се приклучи кон сите рестриктивни мерки кои ЕУ ги воведе кон Руската Федерација, вклучувајќи ги и оние воведени во 2014г., постигнувајќи 100% усогласување со позициите на ЕУ во доменот на Заедничката надворешна и безбедносна политика. Со овој чекор ја реафирмиравме својата посветеност кон споделување на европските вредности и
принципи врз кои се базира надворешната политика на ЕУ, потврдувајќи го партнерството со ЕУ и стратешката европска ориентација. Нашата принципиелна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина исто така ја споделуваме и преку активностите на ОБСЕ, чие претседавање во многу тешки услови го преземавме на почетокот на оваа година, нагласи Османи.

Министерот Османи се осврна и на динамиката на внатрешните реформи во државата нагласувајќи дека остануваме целосно посветени кон зајакнување на функционирањето на демократските институции и на владеењето на правото, области, како што рече, за кои сме свесни дека ќе бидат од клучно значење за натамошните чекори. Тој меѓу другото, додаде дека спроведувањето на договорите од Преспа со Република Грција и за пријателство со Бугарија, преку дијалог базиран на меѓусебно почитување, во духот на европските вредности, се и ќе останат наш врвен приоритет.

-Во претстојниот период нашата Влада ќе вложи максимални напори за успешно спроведување на неопходните реформи, особено во делот на владеењето на правото, успешно завршување на скрининг процесот и исполнување на условот од заклучоците на Советот на ЕУ од минатиот јули за спроведување на уставни амандмани со цел отворање првиот Кластер посветен на Темелите до крајот на 2023 и динамизирање на нашиот пристапен процес. Си поставивме амбициозна цел – Северна Македонија да биде да биде потполно подготвена да ги преземе обврските од членството во ЕУ до крајот на 2030 година. За ова да се оствари ни преостанува многу работа, подвлече Османи.

Тој со порака и „до бугарски пријатели дека обврските од Договорот и од двата протокола не се заборавени“.

-Лично ги надгледувам работните групи за реализација на взеамните обврски и наскоро ќе излеземе со резултати од нивната работа во делот на говорот на омраза, за рехабилитација на жртвите на репресиите на комунистичкиот период, за спроведување на усвоените препораки од работата на историската комисија, како и за заштита од дискриминација. Меѓутоа, истовремено бараме услови за водење на конструктивен и добронамерен дијалог базиран на меѓусебно уважување и почитување и од страна на Бугарија. Верувам дека набрзо со формирањето на новата Влада во Софија ќе успееме да го постигнеме тоа, порача Османи.

Тој укажа и на дилемите и стравовите на граѓаните во земјава дома, но и на неповторлива шанса која ни претстои конечно да отскокнеме и да ја зацврстиме нашата самодоверба и заедничка мисија.

-Таа во моментов поради демократски зовриената размена не се препознава добро, но набрзо ќе се соочиме, секој на свој начин, со сопствената одговорност. Напред кон Европа со повеќе интеграција долж патот до полноправно членство или назад повторно кон поделби и залудно изгубено време, вели Османи.

Новата комплексна геополитичка реалност, рече, ја зајакна потребата од зголемен фокус и анганжман на ЕУ во регионот на Западен Балкан со динамизирање на ЕУ пристапниот процес, што ќе придонесе за унапредување на демократскиот развој, стабилноста и просперитетот на опшествата и сите наши граѓани.

Тој упати порака и до европратениците дека новата комплексна геополитичка реалност ја зајакна потребата од зголемен фокус и анганжман на ЕУ во регионот на Западен Балкан со динамизирање на ЕУ пристапниот процес, што ќе придонесе за унапредување на демократскиот развој, стабилноста и просперитетот на опшествата и сите наши граѓани. При тоа кажа дека е особено важно процесот на преговори уште во рана фаза да генерира видливи бенефити преку позабрзана интеграција во области во кои Северна Македонија ќе биде подготвена и наскоро ќе демонстрира значаен напредок

-Еден од клучните аспекти би можело да се однесува на потребата од димензионирање пакет сличен на структурните и кохезионите фондови на ЕУ. Тоа ќе овозможи поголема економско-социјална конвергенција на Северна Македонија со земјите од ЕУ, односно намалување на економскиот диспаритет, како суштинска цел на пристапниот процес и членството во ЕУ. Сметам дека ваквиот пристап заслужува сериозно внимание и веруваме дека ЕУ ќе изнајде начин за негова конкретна имплементација, порача во своето обраќање пред членовите на АФЕТ министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Османи: Се залагам за еднаква држава за сите

Орце Костов