Османи: Ќе се допрецизираат одредени прашања од Договорот со Бугарија

Од:

Работни групи од Северна Македонија и од Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи истакна дека за време на неговата посета на Софија било разговарано за разликите од очекувањата и различните интерпретации на одредени решенија од Договорот и како да се олеснат одредени решенија.

– Констатиравме дека имаме разлики во нашите очекувања во однос на тоа колку досега тој Договор дал резултат во однос на прашањето за коешто беше наменет, односно потпишан. И тука ги отворивме сите прашања и се договоривме да формираме работни групи, од двете министерства, кои на дневна основа ќе разговараат во однос на овие разлики во очекувањата, различните интерпретации на одредени решенија, како да се олеснат одредени загрижености на едната или на другата страна од некои решенија. Како што е, на пример, новото кратко име, ако кратко име предизвикува одредена загриженост во Република Бугарија дека некој тоа може да го интерпретира како територијална претензија на историскиот регион Македонија, мислам дека ние немаме проблем да направиме дополнително објаснување до бугарската страна дека новото име е во употреба како и долгото така и краткото, меѓутоа и краткото и долгото претставуваат иста територија, а тоа е Република Северна Македонија, изјави Османи.

Според него, нема никаква дилема дека треба да се решат и да се допрецизират одредени прашања, како и на нашата обврска за немешање во внатрешните прашања на соседните држави.

Во однос на историските прашања, шефот на дипломатијата рече дека би сакал да ги охрабри комисиите на двете земји што побрзо да дојдат до одредени решенија, кои ќе дадат нова динамика во односите меѓу двете земји со поглед кон иднината, а не кон минатото.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

ВИДЕО: За Македонија нема „план Б“, да ја спроведе преговарачката рамка – порака од Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарскиот парламент со декларација ќе отфрли било каков „план Б“ за Македонија

Катерина Ѓуровски

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски