Османи ќе реферира за активностите на македонско-бугарското претседавање со Берлинскиот процс

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес – конференција ќе ги претстави преземените активности и организациски аспекти во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и подготовките за завршниот Самит во Софија на 10 ноември 2020.

Преземените и идни ангажмани во пресрет на состаноците и Самитот на Берлинскиот процес беше една од темите на средбата на Османи со неговата колешка од Бугарија Екатерина Захариева минатата недела во Софија.

Ова е прв пат во рамки на иницијативата со процесот да претседаваат земја членка на Унијата и земја кандидат за членство во Унијата.

Целта на иницијативата покрената од германската канцеларка Ангела Меркел е поддршка за евроинтеграцијата на шесте земји од Западен Балкан и јакнење на регионалната соработка во областа на транспортот, енергетското поврзување и економскиот развој. Започна со првата конференција за Западен Балкан во Берлин 2014 година. Последниот состанок на процесот се одржа во јули, лани во Познањ, Полска.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски