Османи: Кампањата за референдумот ќе биде информативна, не пропагандистичка

Од:

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи рече дека ќе има две нивоа на кампања за референдумот и истата ќе биде информативна, а не пропагандистичка. Во кампањата ќе бидат вклучени паритиите заедно со коалиционите партнери.

„Не знаењето на точните информации од договорот е најголемиот проблем. Ќе им се укаже на граѓаните кои се позитивните, а кои негативни делови од договорот. И денешниот настан го искористивме за да испрстиме порака за иднината, а не да се враќаме на минатото“, вели Османи за време на на прославата за Рамковниот договор.

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски кој е потписник на Рамковниот договор не пристигнал на прославата бидејќи не бил тука, а ист е случајот и со екс-премиерот и претседател, Бранко Црвенковски.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски