Османи: Како Влада остануваме целосно посветени на ефикасно спроведување на сите реформи

Од:

Вицепремиерот за европски прашања и главен политички преговарач Бујар Османи, и посебниот советник за евро-атлантски интеграции во Канцеларијата на претседателот на Владата, и заменик на главниот политички преговарач, Бојан Маричиќ, денес во Секретаријатот за европски прашања остварија заедничка средба со Амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп и неговиот тим.

На состанокот се отворија теми поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, при што вицепремиерот Османи ја потенцираше и интензивната работа на подготовката на тимот и структурата за преговори.

Вицепремиерот Османи истакна дека Република Македонија интензивно ќе продолжи и со реформските процеси, особено во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, како и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, но нема да ги изостави и рефромитево сите останати клучни области.

Соговорниците посебно се осврнаа на претстојниот референдум, при што вицепремиерот ја потенцираше улогата и одговорноста на политичарите, но и на секој поединец за донесување правилна одлука во интерес на иднината на Македонија: „Евро-атлантските перспективи на Владата се недвосмислени и цврсти. Ние сите целосно сме посветени на имплементацијата на превземените обврски а уверен сум дека и граѓаните на Република Македонија ќе донесат правилни одлики за иднината на земјата“, истакна Османи на состанокот.

На крајот на состанокот вицепремиерот Османи, изрази очекување дека добрите односите меѓу двете земји како и искрената поддршка од страна на Кралството Холандија за нашите евро-атлантски перспективи ќе продолжи со ист интензитет како и сите години наназад, особено во овој клучен период за иднината на земјата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните