(ВИДЕО) Османи: Иванов го прекршува Уставот, но се уште има можност да се поправи

Од:

Првиот човек одговорен за заштита на Уставот најфлагрантно го крши Уставот и со тоа не ја почитува волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија. На ова треба да реагираме сите бидејќи создава ситуација на преседан кога преку кршење на Устав ќе создадеме правни дејствија во секојдневниот живот и во политиката и на тоа треба да реагираат независно дали се работи за Законот за јазици или за некој друг закон, рече вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со новинарите.

– Иванов имаше шанса во последните месеци од неговиот мандат да стави најмала трага за кохезивноста на општеството и за унитарноста на државата, нешто што не го направил во текот на десетте години од неговиот мандат, рече Османи по што додаде едка Иванов се уште можност тоа да го направи и да напише нешто во белата книга на негово претседателствување.

Според Османи постојат и други начини како може да законот да стапи на сила.

-Има бројни искуства во минатото како стапувале во сила закони и без потпис на претседателот. Се разбира тоа ќе биде прашање на договарање и на консултација со правните експерти, рече Османи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски