Османи: Историската мисија за обединета Европа е нашата стратешка цел

Од:

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања oствари средба со делегацијата на Паневропското движење од Германија и Австрија, кои се во неколкудневна посета на Република Македонија.

„Паневропската идеја за обединета Европа веројатно претставува една од најпрогресивните и најблагородните идеи на минатиот век, која сè уште ја плени политичката идеологија на континентот. Таа е во иста насока и со нашите стратешки интереси за полноправно членство во Европската Унија“, истакнаа Османи на средбата. Тој додаде дека не само Македонија, туку и интеграцијата на целиот Западен Балкан во Европската Унија претставува еден од најголемите предизвици на земјите од регионот, но во моментов и еден од најважните приоритети на Европската Унија.

Во овој контекст Османи го посочи позитивното расположение кое се создаде во текот на минатата година околу иднината на земјите од Западен Балкан, чии напредок беше валоризиран со Стратегијата за проширување на Комисијата, а подоцна беше потврден и со извештаите за земјите од Западен Балкан. Овој нов бран европски оптимизам придонесе за создавање на нова позитивна атмосфера во регионот и претставува охрабрување и поттик за понатамошни реформи што ќе го приближат Западен Балкан кон ЕУ.

Османи потенцираше дека оваа посветеност на Унијата кон Западниот Балкан ќе ја има својата кулминација наскоро, на претстојниот Самит во Софија посветен токму на регионот, не криејќи ја притоа надежта и очекувањата на Република Македонија за одлука од страна на Европскиот совет во јуни, за почеток на преговорите.

„Нашите стратешки интереси се во насока на вашата историска мисија за обединување на Европа“, истакна Османи, додавајќи дека Македонија има континуирана поддршка од страна на Австрија и Германија, и во таа насока очекува поддршка и од страна на германските и австриските претставници на Паневропската организација кои со својата моќ и влијание можат да дадат придонес во остварувањето на нашата стратешка цел -приклучувањето на Македонија во големото европско семејство.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции