Османи: Исполнети сите предуслови за да биде донесена позитивна одлука на 26 март

Од:

Европската комисија денеска во вонредниот извештај за напредокот на земјава уште еднаш ја потврди препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија, соопшти попладнево вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На прес-конференцијата во Секретаријатот за европски прашања, Османи рече дека во извештајот јасно се констатира реформската определба на државата особено преку успешните резултати во областите кои Европскиот совет ги имал потврдено како приоритети како што се судството, јавната администрација, безбедносните служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

– Во извештајот се констатира дека Република Северна Македонија има направено дополнителен напредок и тоа не само во донесување на законите туку и во имплементирање на законите и успешно функционирање на институциите, рече Османи и додаде дека со тоа се исполнува и вториот предуслов, односно исполнети се двата предуслови за на 26 март да се донесе одлука за започнување на преговори со Европската унија.

Очекува одлука за почеток на преговорите да биде донесена и за Северна Македонија и за Албанија.

Османи информираше дека на веб страната на Холандскиот парламент објавен е извештајот од пратениците кои го подготвиле после посетата на нашата земја, во кој се констатирани позитивни оценки за напредокот на Северна Македонија и за потребата за почнување на преговори со ЕУ

Вицепремиерот истакна дека уште пред самитот во март ќе се расчистат дилемите дали само нашата земја или во пакет со Албанија ќе ги почнат преговорите со Евроската унија, и дека е оптимист дека ќе добиеме одлука за преговори.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито