Османи: Искрена поддршка од Франција во клучните моменти за европските перспективи на Македонија

Од:

Денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние, по повод потпишувањето на писмото, со кое, техничкиот експерт од Република Фрнација, Франсоа Лафонд и формално стана дел од тимот на Секретаријатот за европски прашања.

Османи се заблагодари на искрената поддршка од страна на Франција за Република Македонија, потенцирајќи ја улогата на Франција, како многу важна земја членка на Унијата, во зацврстувањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан.

„Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската Унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот“, истакна Османи на средбата.

За време на средбата Вицепремиерот Османи се осврна и на новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година притоа потенцирајќи дека истата претставува една од најважните инцијативи на Европската Комисија за овој регион, затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан – повторно високо на агендата на Европската Унија.

„Стратегијата го валоризираше напредокот што како Влада го постигнавме изминатиов период, но и отвори огромна можност за нашите европски перспективи во периодот што следи, за чии успех очекувам придонес и од г-нот Франсоа Оланд“, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски