Османи: Имплементацијата на Планот 18, основа за уште еден позитивен извештај од ЕК

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел одржа брифинг пред претставниците на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан / проширување (КОВЕБ/КОЕЛА) каде информираше за процесот на европската интеграција на земјата.

На состанокот Османи брифираше за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на подготовка на земјата зa почеток на преговорите за членство со Европската Унијата, посочувајќи притоа на динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

„Имаме исклучително успешна динамика на имплементација на предвидените реформи до Планот 18, што верувам дека ќе резултира со уште подобар извештај на Европската Комисија од минатогодишниот, заедно со уште една безусловна препорака до Советот на ЕУ“, истакна Османи, изразувајќи недвосмислено очекување дека овој напредок ќе резултира со конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

За време на работната посета на Брисел, Османи ќе земе учество и на брифингот во влијателниот тинк-тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: ‘Хоум ран’ во преговорите за пристапување?“. Подоцна Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation), а ќе оствари и средби со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, како и со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма