Османи и Димитров во Загреб на средби со Пленковиќ и Грлиќ Радман

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојуваат во работна посета на Република Хрватска, која е актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

Како што соопшти СЕП, во рамките на посетата се предвидени средби на Османи и Димитров со премиерот Андреј Пленковиќ, министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, претседателот на Комисијата за надворешна политика на хрватскиот Сабор Миро Ковач и со претседателот на Комисијата за европски прашања Домагој Иван Милошевиќ.

Посетата се реализира во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите помеѓу земјите членки на ЕУ за ажурираната методологија за водење на пристапните преговори и одлуката за нивен почеток. Османи и Димитров ќе ги искористат средбите за да ја изразат силната посветеност на нашата земја кон европските реформи и потребата од донесување позитивна одлука за почеток на пристапните преговори што поскоро, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски