Османи и Димитров со осуда за терористичкиот напад во Виена

Од:

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го осудија синоќешниот терористички чин во Виена, во кој беа убиени четири лица, а 17 се повредени.

-Силно го осудуваме ужасниот напад во Виена и изразуваме сочувство на семејствата на жртвите и солидарност со австрискиот народ. Ние сме покрај вас во овие тешки времиња, напиша Османи на Твитер.

И вицепремиерот Димитров изрази осуда на Твитер за терористичкиот акт.

-Ги читам со неверување и со длабока тага вестите за ужасниот терористички напад во Виена. Стоиме покрај нашите австриски пријатели и од срце го изразуваме нашето сочувство на семејствата на жртвите и на оние кои се повредени. Европските вредности мора и ќе надвладеат, напиша Димитров.

Претходно, осуда за терористичкиот чин во Виена изразија и премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Евакуирана главната Железничка станица во Виена поради закана за поставена бомба

А1он

Османи кај семејството на момчето кое загина во нападот во Виена: Tероризмот е опасна закана за сите нас

Ана Ололовска

И Македонец меѓу жртвите на нападот во Виена

Ана Ололовска

Австриската полиција побарала од МВР информации за убиениот напаѓач со македонско потекло

Маја Илиевска-Пачемска