Османи и Димитров ќе брифираат во надлежната Комисија на Бундестагот за напредокот кон ЕУ

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска ќе ги брифираат членовите на Комисијата за европски прашања во Бундестагот за напредокот на земјата на патот кон Европската унија.

Димитров од вчера, а Османи од денеска престојуваат во работна посета на Германија. За денеска е предвидена средба на Османи и Димитров со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, новата лидерка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер и со пратеникот во Бундестагот Јохан Вадепул.

Напредокот на земјата во европските интеграции, поддршката во таа насока од страна на Германија во пресрет на извештајот на Европската комисија, како и јунските самити во ЕУ ќе бидат разгледани на денешните средби.

За постигнатиот успех во односите со соседите, пред се преку договорите со Грција и Бугарија, но и за реформските резултати и очекувањата на земјата во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година брифираше шефот на дипломатијата Димитров вчера на средбата со пратеничката група за надворешна политика на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот.

Димитров вчера се сретна и со лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Ралф Бринкхаус, со кој разговараа за актуелностите во процесот на нашата европска интеграција и поддршката и позициите на ЦДИ/ЦСУ во тој контекст, како и за други теми од регионален карактер.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+