Османи ги заборавил другите дијалекти на македонскиот јазик поради ограничувањата со форматот во едностраната изјава

Од:

Унилатералната изјава претставена на првата Меѓувладина конференција за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија имала ограничувања во форматот и затоа министерот Бујар Османи навел дека дијалектите на македонскиот јазик ги има само на денешната територија на државата.

„Изјавата во себе содржи релевантни делови од Уставот на Република Северна Македонија, Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија од 29 јули 2021 година, и заклучоците од седницата на Собранието на Република Северна Македонија од 16 јули 2022 година. Во согласност со форматот на унилатералната изјава, даден е кус осврт поврзан со кодификацијата на литературниот македонски јазик и неговата заснованост на специфичниот развој на дијалектите кои се земени како основа за кодификацијата и кои биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија, а тоа се централните говори на западното македонско наречје, односно говорите на оската Битола – Прилеп – Велес – Кичево.

Поради ограничувањата поврзани со форматот и целта на унилатералната изјава, наведени се само неколку информации и податоци поврзани со јазичниот, просторен и временски континуитет на македонскиот јазик кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ, како и неговото значајно место во славистиката и лингвистичката наука“, соопштија од МНР.

МНР потсети дека Преговарачката рамка за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, која беше усвоена од Советот на ЕУ на 18 јули 2022, е првиот документ на Советот на ЕУ во кој е содржана чиста формулација за македонскиот јазик.

„Како што беше најавено од Европската комисија, наскоро ќе биде склучен Договорот за статусот на Фронтекс со јазична одредба во која покрај 24-те службени јазици на ЕУ ќе биде поименично наведен и македонскиот јазик. Договорот за статусот на Фронтекс ќе биде првиот билатерален договор меѓу Северна Македонија и Европската Унија кој ќе содржи стандардна јазична одредба со вклучен македонски јазик“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје

ДУИ: Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“