Османи ги демантира обвинувањата на Алијанса на Албанците

Од:

Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи преку соопштение ги демантира, како што вели, шпекулациите изнесени од страна на Алијансата на Албанците и нејзиниот портпарол, во кои се посочува неговото име како дел од некаква објава на нелегално снимен телефонски разговор.

-Прво, сакам да ја информирам јавноста дека, се работи за целосна шпекулација, измислица и лажна вест. Ниту сум бил вклучен, ниту сум учествувал во активностите кои ги посочува Алијансата и нејзиниот портпарол, ниту пак јас сум оној што е спомнат на нелегалната снимка. Оваа целосно лажна вест има за цел да го наруши мојот политички кредибилитет, како предводник на Европските интеграции во земјава, што со оглед на чувствителноста на периодот, претставува штета што ѝ се нанесува и на земјата, истакнува Османи.

Вицепремиерот повика во наредните 24 часа, споменатите, целосно да го повлечат поврзување на неговото име и да се извинат за направената штета, во спротивно, нагласува Османи, ќе ги потегнам сите правни мерки кои стојат на располагање, и овие свои тврдења ќе треба да ги поткрепат пред правосудните органи.

Би можело да ве интересира

Османи: Ние не работевме за датум за почеток на преговори со ЕУ, туку за одлука

А1он

Османи: Со членството во НАТО се затвори важно поглавје во развојот на земјава, се надеваме на скорешно отворање преговори со ЕУ

А1он

Хрватскиот министер Радман на средба со Димитров и Османи

А1он

Ахмети и Бајрами ќе сведочат за „Монструм”, Османи уште не потврдил

А1он

(Видео) Османи врши увид на проектите финансирани од ИПА-фондовите

А1он

Османи: Очигледно во јавноста има одредено чувство за етничка пристрасност за судските одлуки