Османи: Европската перспектива е основно гориво за успесите како што е договорот од Преспа

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој е во работна посета на Република Романија оствари средба со Министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба, на која беа отворени темите за предизвиците и перспективите од Романското претседателство со Европската Унија.

„Искрени честитки за Колегата Чиамба, за преземањето на кормилото на ЕУ, што секако претставува огромен успех за Романија, но и голем потенцијал за нас, земјите од Западниот Балкан, имајќи ја предвид близината и интересот на Романија за регионот, како и традиционално пријателските односи со Македонија“ – истакна Османи за време на средбата. Османи го потенцираше успехот на имплементацијата на Преспанскиот договор, изразувајќи задоволство од затворањето на едно од најважните и најкомплексните отворени прашања, со кои се отстрануваат сите политички пречки за напредокот на земјата во евроатлантските структури.

„Покрај Договорот од Преспа, имавме огромен успех и во постигнувањето на историскиот Договор за добрососедство со Бугарија, како и суштински консензус за Законот за употребата на Јазиците, со што ги отстранивме сите поголеми внатрешни и надворешни политички прашања“ – истакна Османи, потенцирајќи дека европската перспектива претставува основно гориво за овој успех, со што јасно се исцртува моќта на европската идеја за позитивна трансформација на општествата.

„Успехот на Преспа, очекувам да има позитивно влијание и кај другите земји од регионот, како позитивен пример за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап“ – истакна Османи, посочувајќи на дијалогот меѓу Приштина и Белград, како еден од најважните политички предизвици во регионот.

За време на работната посета на Романија, Османи оствари средби и со Премиерката на Република Романија, Виорика Данчила, Министерот за надворешни работи Теодор Малешкану, како и со Министерката за Европски фондови, Рована Плумб. Во рамките на посетата на Романскиот Парламент, Османи оствари средби и со Претседателката на Комисијата за Европски прашања, Габриела Крету, како и со Потпретседателот на Домот на Претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите