Османи: ДУИ прифаќа да излезе од Владата ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени

Од:

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, напиша министерот за надворешни работи, Бујар Османи на социјалните мрежи.

Ова откако лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба со премиерот Димитар Ковачевски рече дека за да го прифатат предлогот да влезат во Владата, ДУИ треба да биде надвор од неа.

„Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, додаде Османи во својата кратка обајава.

Веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале неќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни, се вели во сооптението од партијата.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија