Османи: Дајте ни повеќе ЕУ интеграција пред полноправното членство

Од:

Неопходна е успешна социо-економска транзиција и поттикнување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ уште пред нивното членството, порача денеска во Рим министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќањето на Конференцијата „Нови визии за Западниот Балкан: Пристапување во ЕУ и регионална безбедност”.

– Она што ни треба за да го вратиме позитивниот тренд за поддршка на евроинтеграцискиот процес може едноставно да се дефинира како постигнување на повеќе и подлабока интеграција уште пред членството. За нашите граѓани е значајно да видиме промена на подобро во секојдневниот живот, предочи министерот Османи, кој учествуваше на Конференцијата во рамки на работната посета на Рим и учеството на Министерскиот состанок за Западен Балкан.

Османи нагласи дека земјава позитивно придонесува за регионалната стабилност со давање поддршка на соседите и со иницирање нови формати на соработка.

– Се покажавме како одговорен и доверлив партнер на ЕУ и НАТО, позитивно придонесуваме за регионалната стабилност со давање поддршка на нашите соседи во надминување на отворените билатерални прашања, како што е неодамнешниот состанок на Дијалогот меѓу Србија и Косово, кој се одржа во Охрид, и со иницирање нови формати на соработка, како што е Иницијативата 8 долж Коридорот 8 со Бугарија, Италија и Албанија, иницијативата Б6 и најновата ЕУ Четворка – ЕУ Квад на оние држави од Западен Балкан кои имаат целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, додаде Османи.

На конференцијата во Рим, која е коорганизација на Министерството за надворешни работи на Италија, Институтот за меѓународни работи од Рим и Опсерваторијата Балкан од Тренто, покрај домаќинот – италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка Антонио Тајани, учествуваа шефовите на дипломатиите од државите во регионот и на Шведска Тобиас Билстром, еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји и реномирани експерти и политички аналитичари од тинк-тенк институти од регионот.

Би можело да ве интересира

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“