Османи – Церар: Поддршка од Словенија за ЕУ и НАТО

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, во рамки на денешната работна посета на Република Словенија имаше средба со словенешкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Миро Церар, на која беа отворени темите поврзани со европската интеграција на Северна Македонија во насока на отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, динамиката на спроведување на реформите предвидени во Планот 18, како и очекувањата од претстојните јунски самити, соопшти СЕП.

– Континуираното пријателство меѓу двете земји, но и блискоста на двата народа, ми даваат за право да побарам цврста поддршка од страна на Република Словенија за европските интеграции на Република Северна Македонија, и тоа не само како глас за конфирмација на одлуката за почеток на преговорите на јунските самити на Европската Унија, туку и на поддршката во промоцијата на нашата приказна и кај останатите земји – членки, промоција на успешната приказна на Балканот, која секако заслужува да биде поддржана во интерес на промоција на европските вредности во регионот, истакна вицепремиерот Османи на средбата, посочувајќи ја интеграција на Западниот Балкан во ЕУ, и неговата европска трансформација, како заемен интерес на двете земји кои имаат директен бенефит од безбедноста и стабилноста на регионот.

На средбата Османи изрази благородност до Церар, но и до Владата и народот на Република Словенија, за брзата ратификација на протоколот за НАТО, први после Грција, со што, како што истакна, Словенија го реафирмира пријателството меѓу двете земји, но и блискоста на двата народи.

Во рамките на посетата на Словенија вицепремиерот Османи имаше средби со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Добран Божич и со програмската директорка на Центарот за европски перспективи, Андреја Долничар Јерај.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите