Османи: Брегзит нема да влијае негативно на проширување на ЕУ кон Западен Балкан

Од:

Перспективите на Република Македонија во наредниот период, поддршката на Велика Британија, како и можностите за нејзиното унапредување, беа теми на денешната средба во Скопје на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи со делегација на претставници од Горниот дом на британскиот Парламент, Домот на лордовите, составена од баронесата Џин Елизабет Касинс, лордот Брус Џозеф Грокот и советниците Рошани Паламакумбура и Кенет Морисон.

– Вашата посета овде покажува дека, иако Брегзит е во процес, вашата земја се уште ја поддржува важноста на политиката на проширување за безбедноста, стабилноста, демократијата и владеењето на правото во Европа, истакна вицепремиерот Османи на почетокот на средбата.

Поддршката од Владата на Велика Британија за евроатлантските аспирации на Македонија е евидентна, а како што се наведува во соопштението на кабинетот на Османи доказ за тоа е и неодамнешното потпишување на заедничката изјава за партнерство и соработка помеѓу двете земји. Лондон следната година ќе биде и домаќин на самитот за Западен Балкан.

– Велика Британија отсекогаш била еден од најсилните билатерални донатори на Македонија, што претставува еден од позначајните фактори за нашиот развој, рече Османи, изразувајќи притоа очекување дека поддршката на Обединетото Кралство за спроведување на реформите во земјава ќе продолжи и во наредниот период.

Во однос на претстојниот Брегзит на средбата се разговараше и за билатералните односи меѓу двете земји кои е потребно да се регулираат соодветно новите состојби.

Беа отворени темите за меѓусебните трговски односи, заштита на странските инвеститори кои доаѓаат од Велика Британија, статусот и заштитата на македонските граѓани кои живеат и работат во Велика Британија.

Како посебно важна за Република Македонија, беше отворена и темата за придонесот во буџетот на ЕУ од страна на Британија, нешто што има силно влијание и на ИПА фондовите кои, пак, се од особено значење за Македонија.

Вицепремиерот Османи порача дека постои отвореност за дискусија за сите овие прашања кои би можеле да произлезат од процесот на Брегзит и изрази надеж дека Брегзит нема да влијае негативно како на меѓусебните односи, така и на процесот на интегрирање на целиот регион во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+