Османи: Билатералните комисии со Бугарија и Грција наскоро продолжуваат со работа

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денес оствари одвоени средби со македонските членови во трите билатерални комисии, и тоа: во Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; во Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција; како и во Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

„Веќе подолг период, соочени со предизвиците од Пандемијата и последните парламентарни избори, од објективни причини се забави работата на комисиите. Имајќи ја предвид важноста на овие теми, нашиот приоритет за активен придонес во продлабочување на добрососедските односи, а во согласност со Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, очекуваме овие комисии да продолжат со работа, да имаме еден вид рестарт на нивните активности, и со тоа да се придонесе во надградбата на довербата“, истакна Османи, упатувајќи благодарност до членовите не Комисиите за нивната досегашна работа и постигнатите резултати.

Министерот Османи посочи дека се преземаат сите потребни активности и подготовки во најскоро време на комисиите да им биде овозможено продолжат со работа, а што ќе биде предмет на координација со нашите пријатели од соседството.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија