Османи бара трпение да поминат консултациите, па предлогот да биде презентиран

Од:

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, бара трпение од јавноста, додека францускиот предлог не биде соодветно презентиран.

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата преку Министерството за надворешни работи.

Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран.

Како што беше ветено, почнуваме процес на широку консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста“, напиша Османи на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија