Османи бара итно Комисијата за надворешна политика да закаже седница за идните амбасадори

Од:

Незакажувањето на седницата на Комисијата за надворешни работи при Собранието на Република Северна Македонија, претставува флагрантна, можам да кажам дрска злоупотреба и на деловникот за работа на Комисијата и воопшто на Учеството на Собранието како посебно тело во надворешната политика, напиша на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во постот тој вели:

„Претставувањето на Кандидатите за амбасадори пред Собранието има посебна политичка и општествена улога во целиот процес на испраќање амбасадори во странство. Тоа е последниот чекор на еден долг процес во кој не само народните избраници, туку и граѓаните имаат можност директно да ги видат и слушнат идните нивни претставници во странство не само како ги образложуваат тезите, туку и како одговараат на сите поставени прашања.

Одложувањето на овој процес, особено своеволно, непотребно, и без пристојно образложение, претставува длабок политички хендикеп за надворешната политика и за остварувањето на стратешките цели на земјава. Но воедно, тоа создава и дополнителни предизвици за самите кандидати: проблеми за нивните семејства за нивното навремено преселување и сместување во земјата на прием; создава проблеми за образованието на нивните деца кои не можат навремено да се запишат во училиште; создава проблеми во организацијата на работата на самите дипломатски претставништва кои ја имаат организирано својата работа очекувајќи ги новите амбасадори да ги заземат своите позиции.

Затоа денес уште еднаш упатив и формална ургенција до претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски, веднаш да престане ова бојкотирање на надворешната политика и стратешкиот интерес на земјата, и во најкраток можен рок да биде закажана седницата за одбрана на тезите на идните амбасадори“.

Би можело да ве интересира

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Османи: Резолуцијата на Сенатот на САД поддршка за нашето членство во ЕУ, но и порака до политичките фактори кои заговараат алтернатива на ЕУ

Османи: ОБСЕ да продолжи да ја разоткрива Русија и да ја осудува нејзината незаконска и неоправeдна агресија

Горан Наумовски

Османи од Советот на безбедност на ОН: Правдата и одговорноста мора да надвладеат

Горан Наумовски

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

Ахмети го најави Бујар Османи за претседател: ДУИ бара и потпретседател на државата

Орце Костов