Османи: Австрија е најголем лобист за европска интеграција, не само на земјава, туку и на регионот

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со делегација на Националниот Совет на Република Австрија предводена од претседателот на Советот Волфганг Соботка во рамки на нивната посета на земјава.

-Искрена благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Австрија, која, како непосреден сосед на земјите од Западен Балкан е воедно и најголем лобист за европска интеграција не само на Северна Македонија, туку и на целиот регион. Оваа поддршка беше демонстрирана и преку поставувањето на перспективата на ЕУ за Западен Балкан меѓу трите најважни приоритети на австриското претседателство на ЕУ, истакнал Османи пренесувајќи ги притоа впечатоците и очекувањата за скорешен напредок во европските интеграции, преку одлука за почеток на преговорите на претстојните ЕУ самити.

Вицепремиерот на средбата посочил дека Самитот за Западен Балкан во Виена на 17 месецов го земјава го смета за значаен континуитет на австриската поддршка, и во исто време, одлична подготовка за успешност на загрепскиот Самит ЕУ во мај, кој во целост ќе биде посветен на односите меѓу ЕУ и Западниот Балкан.

Соговорниците за време на средбата се осврнале и на извештајот за напредокот и состојбите во Република Северна Македонија, како и за новата методологија за проширување која беше објавена на почетокот од минатиот месец при што Османи потенцирал дека истите не само што на голема врата ја враќаат довербата во европските интеграции, туку претставуваат и потврда дека земјава е на вистинскиот пат во приближувањето кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго