Османи: Акцискиот план ќе помине низ јавна дебата заедно со дебатата за уставните измени

Од:

Финалната верзија на Акцискиот план за малцинства којшто земјава треба да го подготви согласно обврските од Преговарачката рамка, не е изготвена и таа прво ќе помине низ јавна дебата заедно со дебатата за уставните измени, бидејќи станува збор за еден пакет прашања, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Акцискиот план, првите два-три драфта се веќе подготвени, меѓутоа, само финалната верзија што треба да помине низ јавна консултација не е завршена заради тоа што сметаме дека тоа треба да биде дел од дебатата со уставните измени. Бидејќи уставните измени и Акцискиот план се дел од пакетот малцински човекови права коишто како патека ги избравме наместо историско-идентитетската патека. Значи, парадигма на малцинство, човековите права, таа група на прашања се уставни измени и акциски план и затоа патоказите ги испративме до Брисел, како финални верзии после јавна расправа, меѓутоа Акцискиот план го поврзуваме со дебатата за уставните измени и сметаме дека е покоректно да се направи заеднички, за да сfатат граѓаните дека не се тоа сукцесивно нови прашања кои се отвораат во однос на малцинските и човековите права, туку се еден пакет на прашања, истакна Османи.

Тоа беше причината зошто немаме финална верзија на Акцискиот план бидејќи сакавме да има јавна расправа, рече Османи, одговарајќи на новинарско прашање до каде е изработката на Акцискиот план за малцинствата кој заедно со двата Патоказа, земјава е обврзана да ги изготви паралелно со процесот на уставни измени, пред почетокот на преговорите, а се одредница за отворање на Кластерот 1.

Во тој контекст, Османи кажа дека се многу внимателни во однос на подготовката на Акцискиот план, и очекува расправата за него да продолжи кога ќе се создадат услови и за дебата за уставните измени.

Двата Патоказа – за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, го поминаа собранискиот филтер и Владата веќе ги достави до Европската комисија. Останува уште подготовката на Акцискиот план и уставните измени кои се последната обврска за да државата оди напред, односно за автоматско продолжување на преговорите со ЕУ.

На прашањето дали планира да има средба со Марија Габриел која наскоро ќе седне на премиерското столче во Бугарија, шефот на дипломатијата кажа дека таква средба би се одржала во рамки на бизнис форумите што ги организираат двете министерства, а следната да биде домаќин на таков бизнис форум е Софија. Тој очекува за терминот да се усогласат двете министерства, како и коморите на двете земји.

-Сега работиме на тоа кога би можеле да го организираме тој бизнис форум и тоа би било можност и за средба на министрите за надворешни работи. Меѓутоа останува прашање за двете Министерства кога ќе се усогласат, се разбира и со коморите, да најдеме термин којшто е соодветен за сите, вели министерот Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

Османи: На затворена седница ќе презентирам информации за Бањска, а Владата ќе одлучи за натамошно учество во „Отворен Балкан“