Ослободителна пресуда за обвинетите за убиство на тројцата полицајци во Арачиново 2000 година

Од:

Кривичниот суд денеска, по 18 години, донесе ослободителна пресуда за обвинетите Рамиз Асани, Муча Бајрами, Емрула Емрулаи и Лирим Динарица, обвинети за убиството на тројцата полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак кое се случи на 11 јануари 2000 година на влезот во Арачиново.

Лирим Динарица, еден од обвинетите по објавување на ослободителната пресуда изјави дека во нивна одбрана имало стотина сведоци кои изјавиле дека тој и останатите обвинети немаат никаква врска со убиството на тројцата полицајци.

– Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било. Жално е што во затворите во Македонија лежат многу невини луѓе, не само од овој случај, туку и од многу други, изјави Динарица.

За случајот севкупно беа обвинети 6 лица вклучувајќи ги и сега починатите Башким Асани и Агим Асани. Обвинетите веќе еднаш добија ослободителна пресуда поради недоволно докази, но по жалбата на Обвинителството Апелациониот суд ја укина првостепената одлука по што постапката беше вратена на почеток.

Тројцата полицајци кои на 11 јануари 2000 година беа убиени учествувале во акција за пронаоѓање украдени автомобили при што на нив беа испукани голем број куршуми од автоматско оружје. Во јавноста овој случај се смета за почеток на конфликтот кој следеше една година подоцна.

Првообвинетиот Динарица во истражната постапка првично го признал делото каде во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека бил присилен да признае нешто што не го сторил.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е креатор, поддржувач и логистичар на криминалмите банди на ДУИ кои се пресметуваат меѓу себе

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов

Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца браќа му се заканувале на градоначалникот на Арачиново

Горан Наумовски

Миликије Халими има факултетска диплома вели премиерот

Орце Костов