Ослободен дел од тротоарот кај Бит-пазар и уреден нов цветен пазар во Скопје

Од:

Скопје доби нов цветен пазар кај поликлиниката „Бит-пазар“. Град Скопје овозможи тезгите со цвеќиња што беа распослани на тротоарот по должината на булеварот „Крсте Мисирков“ до Бит-пазар, да бидат поставени на само 100 метри од оваа локација, на просторот зад поликлиниката „Бит-пазар“.

– Град Скопје и општина Чаир со поддршка на еснафот на Старата скопска чаршија и Комората на трговци на Република Македонија почнаа да ги ослободуваат улиците и тротоарите од сите препреки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот во кој учествуваат моторните возила, велосипедистите и пешачите. Од денеска Скопје добива уште еден цветен пазар, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.

Тој посочи дека во соработка со „Скопски пазар“ за сите трговци на нелегално поставени тезги на овој потег обезбедиле простор во рамките на „Бит-пазар“, под одредени поволни услови.

Во делот околу Бит-пазар е предвидено да се оформи нова такси-станица, да се засадат дрвореди, просторот хортикултурно да се уреди и да се постават заштитни столпчиња на тротоарите од двете страни на булеварот. Дополнително, се планира да се уредат и осветлат пасажите во Старата скопска чаршија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски