Оштетувањата на „Сретковскиот мост“ санирани, прооден патот за автобуси и камиони кон Стража

Од:

По санацијата на мостот во близина на селото Сретково на магистралниот пат Гостивар – Кичево, преку превојот Стража, од синоќа (петок) дозволено е движење на тешки товарни возила и автобуси, информираат од СВР Тетово.

Поправките на оштетувањата и дупките кои се појавија на мостот се завршени и според информациите на сообраќајната полиција забараната за движење е укината, па така сообраќајот кој доскоро беше пренасочуван кон Охрид, преку Дебар, од синоќа повторно е нормализиран.

Поради загрозување на безбедноста на сообраќајот од оштетувања на коловозот на мостот кај селото Сретково, десетина денови, возилата потешки од седум тони беа пренасочувани по други, алтернативни правци.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози