Оштетени канделабри и украсни дрвја кај салата „Македонија“кај Ростуше

Од:

Се уште неидентификувани лица, во дворот на спортската сала„Македонија“ која се наоѓа во близина на административниот центар на општина Маврово – Ростуше искршиле неколку канделабри и украсни дрвја.

– Едни градат, а некои други пак неодговорни лица уништуваат. Вака може да се коментира дрскиот настан што се случи во дворното место на големата убава спортска сала „Македонија“. Насилно се урнати неколку канделабри, а искршени се и украсни дрвја. Направена е штета од над 1.600 евра. Очекуваме надлежните што побрзо да ги откријат вандалите, изјави градоначалникот Мукрем Мехмди.

Тој од името на локалната власт искажа остра осуда за овој, како што го нарече, вандалски чин. Осуда доаѓа и од жителите и спортистите кои токму во оваа сала најдоа идеално место за развој на многу спортски активности.

Надлежните извршиле увид и спроведуваат активности за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци, Анима Мунди бара итна истрага и реакции

Катерина Ѓуровски

Националниот парк Маврово заглавен во правна неизвесност: потребна е итна интервенција од Министерството и Владата

ВИДЕО: Туристи во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Катерина Ѓуровски

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар