Оштетена макета на параклис во Тетово

Од:

Засега непознати сторители ноќта помеѓу средата и четвртокот ја скршиле макетата на мала црква – параклис што била поставена во дворот на црквата „Свети Никола“ во Тетово, информираше денеска портпаролотр на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Тој посочи дека оштетувањето на макетата вчера наутро го пријавил свештеникот во црквата Д.Н.(44) од Тетово.

-Екипа на полицијата изврши увид, го фотодокументирше оштетеното и скршеното и работи на откривање на сторителите и расветлување на сите поединости поврзани со овој случај. Причинетата материјална штета се проценува на околу 1.500 денари, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски