Оштетен скопски автомобил во Грција

Од:

Автомобил марка „Цитроен Ц5“ со скопски регистерски ознаки, викендов бил оштетен во Ксарти, Грција.

Како што соопшти МВР, во саботата на граничниот премин „Богородица“, Н.К. од Скопје, пријавил дека ден претходно во местото Ксарти, му било оштетно возилото, така што на задниот дел од автомобилот му била потурена зелена боја (фарба).

Случајот бил пријавен во грчката полиција, но пријавителот не добил никаков документ за поднесената пријава.

-Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани, како и еден случај на кражба на регистарски ознаки, кои сезонава се случија на повеќе места во Република Грција, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Со дрон се обидоа за внесат мобилни телефони во затвор во Грција

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он