„Оро без граници 2013“ од 2 до 6 октомври

Од:

Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава по 22. пат го организира најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“, што ќе се одржи од 2 до 6 октомври.

Гости на „Оро без граници 2013“ се групи од Србија, Украина, Русија, Словенија, Босна и Херцеговина и 10 домашни ансамбли. Според фестивалската програма, на 3 октомври во 17 часот е предвидена фолклорна литургија во црквата „Св. Климент Охридски“.

Фестивалот свечено ќе биде отворен во 18 часот на платото пред црквата „Св. Климент Охридски“. Потоа од црквата ќе тргнат сите учесници во фолкорното дефиле и ќе се движат низ улиците на Скопје. Кај Камениот мост во 19 часот ќе почне фестивалскиот концерт.

Во изминатите 20 години Град Скопје и Република Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца играорци.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски