Орцев: Крадете каде ќе стигнете, министрe Цветков

Од:

Пратениот Панче Орцев од СДСМ, на денешната седница за пратенички прашања го праша министерот за земјоделство, Михаил Цветков, кога планира да си поднесе оставка или зошто досега тоа не го сторил?

– Во средината на овој месец беше објавен ревизорскиот извештај за 2014 година за Министерството за земјоделство и за Платежната агенција. Тој извештај го потврди хаосот и злоупотребите посебно во делот на исплата на субвенциите, што е правено на сомнителен начин, исплаќани се пари на лица и фирми кои ги има во список на исплата, а ги нема во список дека им е одобрено да ги добијат тие пари. Може сте го правеле тоа по наредба на Груевски, но вие и директорката на агенцијата сте директно одговорни. Вие министре треба да одговарате и за три милиони евра исплаќани за наводно исчистени канали се било исплаќано без никаква контрола, а еден од главните приматели е токму фирмата на Ѕинго. Крадете каде ќе стигнете министре Цветков, можеби ова е една од причините зошто Европската агенција ги стопира парите за рурален развој – рече Орцев.

Тој праша и дали некој ќе одговара за последиците од билеста јазлеста кожа.

– Вие и вашиот директор на Агенцијата на храна направивте многу пропусти и грешки. Знаевте дека болеста ја има во соседството и ништо не презедовте, а после тоа што го направите беше доцна и беше погрешно. Лажевте и за вакцината која доцнеше цели три месеци, менувајќи ја компанијата што требаше да ја донесе, сигурно сте правеле некој дил. Во Србија за доцнење од само два дена беше сменет директорот на агенцијата – рече Орцев.

Орцев праша дали сточарите не се исплаќаат за да ги уценуваат пред изборите.

Пратеникот од СДСМ зборуваше и за производителите на ориз и на пченица.

– Зошто ги лажете земјоделците и производителите на ориз и на пченица дека државата нема право да откупува земјоделски производ, вие ги лажете, ве прашувам зошто? Напротив, државата има право да интервенира на пазарот и да помогне тој да се регулира особено ако има пореметување. Ова го пишува во основниот Закон за земјоделство – рече Орцев.

Министерот Михаил Цветков му одговори дека нема намера да поднесе оставка.

– После вакви неосновани обвинувања воопшто не планирам да поднесам оставка ,напротив сакав да ви кажам дека не служам никому ни на Груевски ниту на Ѕинго, туку на земјоделците. Вашите обвинувања се неосновани и злонамерни – одговори Цветков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ