Орцев: Болеста „јазлеста кожа“ ги пустоши фармите, Владата веднаш да ги обесштети сточарите!

Од:

Болеста „јазлеста кожа“ кај говедата ги пустоши фармите и се заканува сериозно да го уништи добиточниот фонд и млекопроизводството. На нивно барање, пратеникот и претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието на РМ, Панче Орцев, денеска беше меѓу жителите на селото Висока Маала во струмичкиот регион.

Интегрален текст од прес конференцијата на Орцев:

Веќе еден месец трае агонијата на сточарите кои маки мачат со болеста „јазлеста кожа“ кај добитокот. Непрофесионалноста и незаинтересираноста на институциите на државата се закануваат сериозно да го уништат добиточниот фонд во Република Македонија како и млекопроизводството. Еве се наоѓаме во селото Висока Маaла каде што секојдневно умираат говеда по шталите и каде што се носат на кланица. Како што е најавено за утре ќе бидат одземени над 120 говеда и ќе бидат однесени во кланица и ќе бидат убиени.

Болеста опасно се шири и во останатите региони во државата. Се затвораат фарми, плачат сточари чија што основна егзистенција им е одгледувањето на добиток. Агенцијата за храна и ветеринарство ситуацијата ја смирува со декларативни заложби и лаги дека вакцините ќе бидат набавени до 20 мај. Лажат, бидејќи 20 мај помина, а вакцините се уште ги нема.

Поради неспособноста и аматеризмот на одговорните лица во Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, не се планирани, ниту денар во буџетот на Република Македонија за вакви проблематични кризни ситуации. Според последните изјави на директорот на Агенцијата, најоптимистичките најави се дека вакцините ќе пристигнат во почетокот на јуни, и ако пресметаме еден месец за вакцинирање на говедата, три недели за стекнување на имунитет, сточарите треба да чекаат до почетокот на август.

Затоа, бараме Владата веднаш да ги обесштети сточарите и да ги плати говедата така како што треба, со записници кои што ќе одговараат на реалните состојби и договори меѓу сточарите и одговорните лица, инспекторите од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство. Да бидат обезбедени средства за покривање на сите загуби и да бидат обезбедени средства за загубите од падот на цената на млекото.
Млечната криза веќе е очекувана. Бараме сериозност од институциите во справувањето со болест „јазлеста кожа“ додека се уште може да се спаси нешто и да им се помогне, пред се, на сточарите.
Хаосот во земјоделството и сточарството што го направи оваа Влада тешко се поправа и затоа ТАА треба да одговара за состојбата во која денес се наоѓаат земјоделците и сточарите.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?