Орав: Датумот за избори зависи од партиите, проценката не е подготвена

Од:

Уште два дена остануваат четирите политички партии да ги договорат и спроведат преостанатите три услови од Договорот од Пржино што ги зададоа Европската Унија и САД.
На 19-ти февруари, односно петок ќе биде претставена проценката.

Амбасадите ќе ја соопштат оценката до каде е прочистување на Избирачкиот список, реформите во медиумите и одвојување на партијата од државата.

Сѐ уште не е направена проценката околу тоа дали предвремените парламентарни избори може да се одржат на 24-ти април.

Датумот за одржувањето на изборите е содржан во Пржинскот договор, но, во неговото спроведување имаше многу одложувања, рече евроамбасадорот Орав.

„На 19-ти февруари, односно петок ќе ја претставиме нашата проценка. Сега во моментов ние немаме ништо, ништо сѐ уште не е подготвено. Може да се движи во кој и да е правец, сѐ е во надлежност на партиите. Затоа сакам да нагласам дека извештајот на Прибе, ургентните реформски приоритети, се многу битни, но во оваа етапа ние нема да ги вклучиме во нашата оценка, бидејќи ние сега ќе оценуваме само дали земјата е подготвена за изборите на 24-ти април“, изјави Орав.

Тој не потврди дали еврокомесарот за проширување Јоханес Хан в петок ќе пристигне во Скопје и на средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на договорот од Пржино.

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими посочи дека најзначајно е да се направи целосна имлементација на политичкиот договор за спроведување на фер и демократски избори.

„Ја чекаме и оценката од Европската унија и САД согласно анализите што ги прават ОБСЕ/ ОДИХР, ИФЕС и ДИК. Но, од државен интерес е Македонија да ги направи сите потребни реформи за да оди на слободни и демократски избори за да можеме да се фокусираме на реформи и економски развој на земјата како појасна евроатланска перспектива на земјата“,изјави министерот Бесими.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“