Општините во Полог со заедничка стратегија ќе се справуваат со поплавите

Од:

Претставници на деветте општини во полошкиот плански регион заеднички ќе работат на создавање функционален механизам за справување и намалување на ризиците од поплави во населените места од тетовско-гостиварското подрачје. Активностите се дел од дводневната работилница во рамките на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) финансиран од швајцарската Агенција за развој и соработка и швајцарскиот Секретаријат за економски прашања.

Според раководителот на оваа програма на УНДП Димитрија Сековски времето и местото на појавата на поплавите и нивниот интензитет не зависат од административните граници на општините што подразбира дека и соодветниот управувачки одговор на локално ниво ги надминува границите на поедините општини.

– Проектот покрај значајни инвестиции ќе обезбеди долгорочна визија и детален план за постепено намалување на ризикот од поплавите преку учество на бројни институции на локално и централно ниво и споделување на ресурсите“ додаде Сековски.

Меѓу целите на овој проект е да се направи темелна промена во начинот на справување со ризикот од поплавите во полошкиот регион што се смета за најранлив во државата во однос на ова прашање. Само во период од неколку години во регионот се случија неколку поплави кои однесоа човечки животи и направија голема материјална штета. Затоа, како што беше истакнато на работилницата, од клучно значење е продлабочувањето на меѓуопштинската соработка зазаштита на населението и материјалните добра од поплавите.

Беа претставени и можните облици на соработка што ги нуди Законот за меѓуопштинска соработка од кои во рамките на работилницата треба да произлезе предлог за најсоодветен облик во согласност со заедничките цели и ресурсите со кои располагаат општините.

Сите општини од овој регион го потврдија својот интерес да учествуваат во воспоставувањето систем на ваков механизам за меѓуопштинска соработка со цел подобро управување со ризиците и справување со кризните состојби преку заеднички инвестиции како и ефикасна и постојана комуникација и координација меѓу засегнатите страни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица