Општина Велес именуваше Комисија за стипендирање талентирани студенти

Од:

Советот на Општина Велес денеска именуваше Комисија за стипендирање талентирани студенти. На денешната прва седница за претседател е избран Бошко Караџов.

На оваа седница се донесе и Програмата за работа на Комисијата за оваа година и се распиша Конкурсот за учебната 2013/14 година.

Оваа година од буџетот на општината се доделуваат вкупно 16 стипендии, од кои 8 за ученици и 8 за студенти, а конкурсот ќе биде распишан од 10 до 30 октомври.

Според Караџов, доколку се обезбедат спонзори, бројот на стипендии може и да се
зголеми. Услов за добивање стипендија за средношколците е завршена втора година од школувањето, континуиран одличен успех и награди добиени на меѓународни и државни натпревари. Висина на стипендијата 1.500 денари месечно, девет месеци во годината. За студентите услов е завршена најмалку една година од студирањето и просек најмалку 9.00. Стипендијата изнесува 2.000 денари, девет месеци во годината. Право на учество имаат исклучиво кандидати, жители на Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско