Општина Струга ќе прави регистар за евиденција на туристите

Од:

Општина Струга планира да направи регистар за евиденција на туристите, информира градоначалникот Зијадин Села.

Општината, нагласи Села, ќе ги стандардизира и регистрира сите што даваат услуги за спиење.

Тој побара од стружани, покрај во полиција, да ги пријавуваат туристите и кај општинските служби и за нив да плаќаат туристичка такса. Онаму каде што има сознанија за непријавени гости, инспекторите ќе прават контроли.

– Апелирам граѓаните да ја плаќаат туристичката такса, бидејќи тоа е за нивно добро. Од тие такси пред се ќе правиме подобар и поразвиен туризам, нагласи Села.

Како атракција за туристите, струшкиот градоначалник планира воспоставување речна туристичка линија од Струга до Глобочица.

За поголем број туристи во градот, според Села, ќе придонесе и отворањето на хотел „Изгрев“.

– Со „Изгрев“ ќе го имаме првиот хотел со 5 ѕвезди на Охридското крајбрежје и мислам дека тоа ќе придонесе за привлекување повеќе туристи, изјави Села.
Градоначалникот на Струга смета дека туризам без култура не може да има и затоа општината планира реализација на повеќе културни манифестации.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга