Општина Струга ќе ангажира невработени за општокорисна работа

Од:

Општина Струга објави оглас за вклучување невработени лица во програмата за општокорисна работа во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот во претшколските установи и основните училишта во општината“.

На огласот може да се пријават невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување повеќе од една година и да исполнуваат еден од условите: млади до 29 години, корисници на социјална помош или паричен надоместок за неврботеност, лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа, жени припаднички на помалите етнички заедници, родители на деца со пречки во развој, родители на три и повеќе деца.

Лицата, како што е наведено во огласот, ќе бидат ангажирани за период од девет месеци со скратено работно време, заради стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Во периодот на ангажманот, како што стои во огласот, нивниот статус нема да биде променет, односно ќе се водат како невработени, а за они што користат социјална помош ќе им бидат активни правата за користење.

За лицата што ќе бидат вклучени во програмата предвиден е паричен надомест од 9.000 денари месечно, со вклучен персонален данок и осигурување во случај на незгода.

Заинтересираните кандидати своите пријави може да ги достават во Центарот за социјални работи во Струга најдоцна до 14 август 2018 година.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски