Општина Охрид: СДСМ Охрид со лажна грижа за езерото, без конкретни мерки

Од:

Од општина Охрид со писмена реакција по изјавата на пратеничката од СДСМ, Жалкина Лазареска дека градоначалникот Бакрачески знаел за штетите нанесени на Езерото од намалениот водостој, но не презел ништо.

„Продолжува серијалот бесмислени, несериозни и помалку комични прес конференции на ОО СДСМ Охрид, во кои денес гледаме нов лик од иста партија со исто задолжение.

Очекувавме барем да се смени содржината на пресот, а ако веќе навистина загриженоста им беше искрена, во серија од три пресови, барем да ни предложеа решенија. За жал на новинарско прашање за предлог мерки слушнавме дека охридското езеро е природно езеро и дека треба да реагираме. Им благодариме за научните сознанијата и предлог мерките.

И покрај опсежните и стручни објаснувања од ЕЛЕМ и УХМР за причините за нискиот водостој и преземените мерки за решавање на состојбата очигледно е дека политичката агенда на ОО СДСМ Охрид добиена по диктат, ја совладала нивната лажна грижа за езерото.

Граѓаните знаат дека промени кај раководството на СДСМ кое што цели осум години го пустошеше градот и ја загрозуваше заштитата на езерото нема. Напротив има континуитет, на кој што со посветено и одговорно работење цели четири години суштински противречиме“ стои во реакцијата на општината.

Би можело да ве интересира

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Блесна новогодишната елка под вода во Охридско езеро

Покуќнина, отпад и стари гуми извадени од Охридско езеро

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО

Полицијата го пронајде и го врати чамецот со двајцата малолетници кој неконтролирано се оддалечил од брегот на Охридското Езеро