Општина Охрид процени дека има правни основи за поништување на договорот за закуп на паркинзите во градот

Од:

Договорот за закуп на паркинзите во општина Охрид содржи низа правни недостатоци и може да биде раскинат, се наведува во заклучоците на посебната Комисија што беше формирана на барање на градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески на денешната седница на Советот на општината презентирајќи ги заклучоците на Комисијата истакна дека тоа може да биде сторено по основ неисполнување на обврските од страна на закупецот, меѓу кои обврската да превземе 12 вработени од закуподавецот ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид на неопределено време и за цело времетраење на договорот.

Истовремено став на Комисијата е дека покрај констатираните недостатоци при изготвување на актите и при спроведување на самата постапка, недоволно и непрецизно е определен и предметот на Договорот за закуп на паркинг-просторите, со мислење дека може да се поведе судска постапка за утврдување на ништовност или поништување на Договорот за закуп на паркинг-просторите.

– Таквото мислење Комисијата го изразува и врз основа на фактот што Комисијата за спроведување на постапката за давање под краткотраен закуп донела решение со кое ја поништува постапката и сите дејствија преземени во врска со истата се сметаат за ништовни и не произведуваат правно дејство, стои меѓу другото во заклучокот на Општинската комисија претставен пред Советот.
Претходната локална самоуправа склучи два договори за отстапување на паркинг-просторот во поширокото централно градско подрачје во Охрид. Новата локална власт тие договори ги оспори, со забелешка дека се донесени под сомнителни окопности, а на штета како на општинскиот буџет, така и на самите граѓани на Охрид.

Инаку, од компанијата „Сузуки“ што се јавува како закупец оценуваат дека сите активности што ги спроведуваат и дејноста што ја вршат се согласно договорите, за што како надомест на општината и плаќаат средства во висина од околу 550 илјади денари месечно.

Во моментов во Охрид има се помалку места за паркирање, оттаму што закупецот секојдневно ги проширува зоните каде паркирањето е можно само со наплата од 50 денари за час. Закупецот тврди дека согласно двата договори што ги имаат склучено со Општина Охрид се уште не се искористени сите паркиг-места што им се дадени на стопанисување односно под закуп.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство