Општина Охрид планира нова намена на сегашната касарна

Од:

Дел од Охридската касарна ќе се предаде во сопственост на Општина Охрид, најави денеска градоначалникот Никола Бакрачески.

За таа цел ние веќе ја имаме започнато постапката и денес очекуваме стручни служби од министерството за одбрана да дојдат во локалната , да се договориме за начините на преземање на земјиштето. Потоа се надеваме дека ќе следи владина процедура околу пренамена на ова земјиште односно преминување на истото од ингеренции на ресорното министерство на Општината, потенцира Бакрачески.

Според првичните најави на просторот каде е Касарната, локалната ќе пробива централна улица, еден дел од просторот ќе се пренаменува за образовни цели, ќе се изгради црквичка, спортски центар и станбено-деловен комплекс.

Инаку веќе во Владина процедура е постапката за преземање на земјиштето на делот кај Мауцхеркое од Министерството за одбрана се предава на Општината , каде што е предвидено да се гради индустриска развојна зона.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид