Општина Охрид не сака да одговори колку се задолжени охридските училишта

Од:

Веќе скоро една седмица, од Одделението за односи со јавност не сакаат да одговорат колку изнесува долгот на охридските основни и средни училишта и дали се блокирани нивните сметки. А1он упати прашање до кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески, но оттаму останаа без одговор.

Во изминатиов период и опозицијата во Охрид, во неколку наврати исто така го праша Бакрачески колку изнесува долгот на училиштата во Охрид и дали тој надминува над 1 милион евра, но тој и тогаш не одговори конкретно туку ја нападна најголемата опозициона партија.

Пред скоро една година, Бакрачески и неговата администрација во јавноста излегоа дека успеале да ги одблокираат сметките на основните училишта. Останува дилемата дали и тоа било дел од пропагандната машинерија на власта со цел да се прикријат лошите резултати на работа на Локалната самоуправа.

Како да стана практика тоа што кабинетот на Бакрачески да не одговараат ништо кога нема што да одговорат иако и тие како и медиумите треба да се во служба на граѓаните и да ја запознаваат јавноста со работата на Локалната самоуправа. Таа практика на премолчување е дел од причините за лошата состојба со демократијата за што Република Македонија константно трпи критики.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата