Општина Куманово одвои 3,9 милиони денари за нова вертикална сигнализација на булеварот „Октомвриска револуција“

Од:

Започнаа градежните активости на булеварот „Октомвриска револуција“ на крстосница во близина на спортската сала во Куманово за поставување вертикална сигнализација. Екипите на фирмата изведувач, почнаа со работа на терен и согласно потпишаниот договор, имаат рок од 90 дена за поставување на нови семафори на оваа крстосница, каде што претходно се случија голем број на сообраќајни незгоди.

– За новите семафори, општината одвои 3,9 милиони денари. Договорот е потпишан во првото тромесечие од тековната година, а тендерот го доби фирмата „Електософт Инжињеринг“ од Скопје“, изјави денеска раководителот на Одделението за јавни набавки од општина Куманово, Дарко Станојковски.

Од општината велат, дека претходно одлуката е разгледана на седница на Совет и дека со поставувањето на семафорите се очекува да се подобри сообраќајната безбедност во овој дел од градот.

Изминатиот период на оваа крстосница се случија поголем број сообраќајни незгоди, во кои покрај што беше предизвикана материјална штета на возилата, имаше и повредени лица. Крстосницата се наоѓа во непосредна близина на кејот на реката Кумановка, каде што постојано има поголема фрекфенција на граѓани.

На булеварот „Октомвриска револуција“ кој е со приближна должина од околу четири километри, веќе има поставено пет семафори.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување